Неделковски: Термините празни ветувања и општа катастрофа станаа олицетворение за Бобан Стефковски, Гази Баба заслужува достоен градоначалник

t

Гази Баба важи за општина која има голема концентрација на индустриски објекти на нејзината територија, па токму затоа во предизборната програма на Бобан Стефковски и ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Гази Баба добија ветување за изработка на Акциски план за намалување на загадувањето на воздухот и за воведување на систем на мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух, проект кој требаше да биде реализиран до 2022 година и чини еден милион денари, но Стефковски не го исполни тоа што го вети, иако аерозагадувањето е еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат скопјани и жителите на Гази Баба.

Очигледно за Стефковски и за општинската администрација поважно е да се организираат концерти и да се исполнуваат партиски агенди, отколку да се најде решение за аерозагадувањето.

Жителите на општина Газа Баба заслужуваат да имаат соодветна локална самоуправа која ќе ја унапредува општината и ќе ги решава тековните проблеми.

Стефковски, а и сите негови претходници, кои беа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, триесет години ја уназадуваат општината и не го сработуваат ветеното.

Токму поради вакви случаи, ЛДП ја покрена Иницијативата за отповикување на градоначалници.
Жителите на Гази Баба, како и сите останати жители заслужуваат да имаат градоналаници кои ќе се залагаат за модерни општини, да работат на решавање на проблемите и да им овозможат на граѓаните достојна средина.

За нас, секој е важан, затоа постојано се залагаме граѓаните да ги добијат условите кои ги заслужуваат.

Влатко Неделковски – Либерално демократска партија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Форумот за образовни промени поднесе тужба против…

Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…

Скопјанец се заканувал на жена дека ќе…

Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Серија дојави за бомби ги крена борбените…

Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони…

Трамп: „Суперинтелигенцијата е ЗЛАТО, само луди лидери…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази силна…