Нема реакција од македонските власти по изјавата на Милков

t

Втор ден молк на министерот за надворешни работи Бујар Османи, но и на македонската влада на изјавата на шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков, дека во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе. Милков изјавата ја даде по претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, за кое македонските истражни органи и обвинителството се уште не се произнеле.

Османи, кој вчера ја премолчи изјавата стоејќи покрај на Милков додека тој ја оцрнуваше Македонија, не ја искористи ни можноста во интервјуто потоа дадено за БНТ да му одговори на својот колега. По принцип на „фин гостин“ тој само задоцнето одговори на навредите на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски и лидерот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, од среде Скопје дека „Македонија е Бугарска“ дека некој што ја навредува земјава и македонскиот народ нема да може да влезе во земјава, но сепак не користејќи го терминот персона нон-грата за двајцата.

И премиерот Димитар Ковачевски денеска го прескокна одговорот на изјавата на Милков. Тој смета дека Милков треба да се дообјасни, но не кажа ни збор за обвинувањата на Милков кон Македонија, без оглед што на Ковачевски не му е јасно на кое време реферира Милков.

Но, освен што на македонската влада не и треба појаснување за обвинувањата дека се враќа време на палење, стрелање и насилство врз луѓе во земјава, не и треба појаснување ни од нејзните институции што стои зад тепачката во Охрид, бидејќи тие веќе го донеле својот суд.

Османи го искористи интервјуото да повика на двете страни да престанат провокациите кои ги заоструваат односите меѓу двете земји, информирајќи дека во македонското обвинителство, народниот правобранител, ќе се формираат посебни одели, а во Министерството за политички систем ќе се вработи Бугарин кои ќе ги следат говорот на омраза кон Бугарите во земјава. Османи не кажа дали ваквиот потег ќе биде реципрочен и од бугарска страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами: Не сме за предвремени избори, но…

Градоначалникот на Тетово и еден од ко…

Германска државјанка пронајдена почината во хотел во…

МВР информира дека доцна синоќа во 23.40…

(Фото) Падна првиот снег во Македонија

Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување…

Во Велика Британија ќе биде формирана единица…

Британскиот премиер Енди Барнам во говорот пред…

РУДАРЕЊЕТО ВЕЌЕ НЕ ЈА ЗАДОВОЛУВА ПОБАРУВАЧКАТА НА…

Бакарот е клучен критичен минерал чија растечка…