Неофицијално, ова е причината за престрелката во Арачиново!

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за МИА потврди дека во престрелката во Арачиново е повреден возачот на градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, а пукано е и кон друго лице вработено во општината.

Според првите информации пукано е во правец на автомобилот во кој бил градоначалникот на општината Ридван Ибрахими, каде што биле возачот и вработениот во општината.

Од градската болница досега за ТВ21 потврдија дека е повреден 39-годишен маж со иницијали Е.С., кој лежи во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

„Е.С. 39 е донесен кај Свети Науми во Охрид, со рана на десниот граден кош“, велат од болницата за ТВ21.

Уште едно повредено лице лежи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде му била извршена хируршка интервенција.

Неофицијално причина за пукањето било несогласувањето што го имале со градоначалникот на општината, околу земјиштето за изградба на стадионот во Арачиново.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов случај на западнонилска треска и во…

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…

Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…

Жител на скопското село Шишево е приведен…

МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…

Приведен 73-годишник од скопско, со пиштол пукал…

На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници…