Не е точно дека ВЛЕН ќе добијат шест министерства и претседател на Собрание, дознава Инфомакс
Koалицијата ВЛЕН нема да ги добие министерствата кои вчера ги лиферуваше порталот ИНА, Плус Инфо и неколку други албански јазични редакции во Македонија, дознава Инфомакс од високи извори во ВМРО-ДПМНЕ.
Порталот ИНА вчера објави дека на коалицијата ВЛЕН ќе им припаднат следниве министерства: Министерство за политички систем и заедници (Алтернатива), Министерство за здравство (Алтернатива), Министерство за економија (Движење БЕСА), Министерство за труд и социјална политика (Движење БЕСА), Министерство за екологија (Демократско движење), Министер без ресор (Алијанса за Албанците), Прв вицепремиер (Демократско движење), Вицепремиер за европски интеграции (Алијанса за Албанците).
ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ја имаа првата средба за формирање на Влада на 15-ти овој месец која според нашите информации поминала во пријателска атмосфера. Оттогаш па до денес речиси секојдневно се во контакт преговарачките тимови на двете партии, а пред неколку дена како што кажа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари за Инфомакс биле договорени програмските определби на новата коалициска Влада што впрочем било во фокусот на преговорите.
Во оваа фаза од преговорите веќе се разговара и за конкретни кадровски решенија, а основна премиса во изборот е да се работи за чесни кадри кои немаат политички багаж, афери и сомнежи за корупција позади себе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…
Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…
Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…
Млада бремена жена вчера била убиена, а…
Екс командант на ОВК со директна закана:…
Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати…