Николоски: Инвестирани 25 милиони евра во локални патишта со поддршка од Светска банка
Неспоредлива е поддршката на оваа Влада за развој и проекти во општините, од која било Влада претходно. Во 2024 и 2025 реализиравме 350 милиони евра за развој и инфраструктурни проекти во општините, рече министерот за транспорт Александар Николоски од средбата во ЗЕЛС со градоначалниците и претставниците од Светска банка каде токму се разговараше за развој и реализација на проекти во општините.
Николоски додаде дека Министерството за транспорт во соработка со Светска банка го реализира проектот за изгардба и рехабилиатција на локланите улици во општните. За овие две години, како што тврди Николоски, реконструирани се преку 90 улици во општините низ државата и инвестирани се преку 25 милиони евра што според него, јасно покажува дека оваа Влада е силно посветена на урбаниот равој на општините и подобрување на животот на граѓаните.
„Соработката со Светска банка е одлична и сакаме да реализираме повеќе проекти како поддршка на општините. Знаете дека ова е Влада која што неспоредливо со било која Влада предходно дава поддршка на локалната самоуправа. Веќе имеше два повици, едниот во 2024, другиот во 2025 година во вкупна вредност од 350 милиони евра за реализација на локални проекти, а ако на тоа ги додадеме и проектите кои што ги реализираме со поддршка на Светската банка, тогаш вредноста е далеку поголема. Денеска ќе зборуваме за проектот за локални патишта, во кој што за две години во периодот јуни 2024 до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици во 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи дека некаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени целосно нови или во тек се на изградба во овој момент со поддршка на Светска банка”, изјави Николоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…
Со нови проекти, нови производствени капацитети и…