Новата влада во Црна Гора ќе има 20 ресорни министри и 4 потпретседатели – државата излегува од политичка криза
Пратеникот на Граѓанското движење УРА, Милош Конатар, денеска изјави дека новата црногрска Влада ќе има четворица потпретседатели и 20 министерства.
„Ќе има четворица потпретседатели, кои ќе бидат и ресорни министри на некои од 20-те министерства што ќе ги има новата влада. Новата 43-та влада ќе ја сочинуваат партиите на националните малцинства во Црна Гора, СНП, СДП и, се разбира, Граѓанското движење УРА“, напиша Конатар на Твитер.
Тој додаде дека Црна Гора „излегува од политичката криза“, пренесе РТЦГ.
„Време е да чекориме кон помирување и кон европска иднина. Можеби преговорите траеја подолго од потребното, но најважно е Црна Гора да добие нова европска влада. Имаме многу работа. Ќе успееме“, напиша Конатар. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата најави можност за докуп на до…
Граѓаните на кои им недостигаат до 24…
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…