Објавено на:

Новиот граничен систем на ЕУ се збунува од идентични близнаци

t

Новиот дигитален граничен систем на ЕУ, не само што создава долги редици, туку и го збунуваат идентичните близнаци. Тоа е најновиот во низата проблеми за контроверзниот систем за влез/излез EES, за кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, призна овој месец дека има нерешени „технички проблеми“ и „сè уште треба да се направи многу работа“, објавува POLITICO.

Британка, која работи за Politico, била испрашувана од романската гранична полиција кон крајот на мај додека се враќала во Обединетото Кралство од аеродромот Клуж. Таа била обвинета дека нелегално престојувала во Шенген зоната бидејќи нејзиното заминување по претходната посета на Амстердам во април оваа година не било правилно евидентирано.

Сепак имало само еден проблем: таа воопшто не била во Амстердам во април. Но, нејзината сестра, идентична близначка, била. Жената, била испрашувана околу петнаесет минути. Кога им ја спомнала својата сестра близначка на полицајците, прво била обвинета дека го позајмила пасошот, што не било вистина. Нејзината сестра во тоа време била во Обединетото Кралство и никогаш не ја посетила Романија.

Се чини дека EES ги помешал двете жени врз основа на нивните идентични црти на лицето, а можеби и поради нивното исто презиме, датум на раѓање и националност. Сепак, тие имаат различни отпечатоци од прсти, имиња и, што е клучно, секоја има свој пасош. На жената на крајот ѝ било дозволено да патува.

Оваа ситуација може да биде резултат на два одделни, но истовремени случаи на лоша имплементација на EES во земјите-членки, вели Ниови Вавула, за Politiko koja e раководител на Одделот за сајбер политика на Универзитетот во Луксембург. Вавула, вели дека проблемот можеби бил предизвикан од неправилно евидентираното излегување на сестрата од Амстердам, како и од неисправна проверка од страна на романските власти во Клуж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот граничен систем на ЕУ се збунува…

Новиот дигитален граничен систем на ЕУ, не…

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата за Изборниот законик може да…

Тоа што не се донесе Изборниот законик…

Шпанија прими над милион барања за легализација…

Шпанија прими повеќе од еден милион барања…

Изгаснат пожарот што вчера гореше кај Охрид

Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица,…