Нов „Марш за ангелите“ денеска во Кочани
Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица, вечерва ќе го одржи 15-тиот „Марш на ангелите“ – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе почне во 18.05 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата.
„Четири месеци по најголемата трагедија во поновата историја на нашата држава, ние, родителите и семејствата на трагично починатите деца, Ве известуваме дека 19.07.2025 година ќе се одржи петнаесетиот Марш на ангелите – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе започне во 18:05 часот – време што симболично ја претставува доцната и за жал, фатална институционална реакција. Ве повикуваме со отворено срце да ни се придружите – да маршираме заедно во тишина, тишина која симболизира гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори – ниту за едно дете, ниту за една мајка“, се наведува во соопштението на Здружение на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани.
Кривичниот суд вчера соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води понатамошниот дел од постапката.
Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.
Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.
Во пожарот што се случи на 16 март, годинава животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, а над 200 беа повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…