НСДП: Мицкоски предлага состав на Влада со кадри на Груевски, нема да дадеме поддршка
Мандатарот Мицкоски предлага состав на Влада со кадри на Груевски, во најголем дел тоа се луѓе кои во минатото служеа на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и ги пратат многу скандали. Граѓаните за брзо ќе ги видат на дело кадрите на „рециклираниот режим“ и „заробената држава“ која ја инсталираа во десетгодишното претходно владеење, соопштија од НСДП.
„Кадри кои служеле на режимот на Груевски, почнувајќи од Мицкоски, не може да донесат и спроведат реформи, матрицата од претходното нивно владеење останува иста. Во град Скопје и во општините три години го гледаме нивниот начин на спроведување на „реформи“ и нови проекти, хаос, безредие, прсти во медот, блокирани и нефункционални локални институции, партиски вработувања и скандали.
Првите потези и чекори го најавуваат моделот на владеење, особено ако ги гледаме потезите на претседателката на државата која уште во првите недели од мандатот го крши Уставот, ги влошува односите со соседите и на нeдостоинствен начин ја претставува државата.
Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме да ретерира и отстапува од изборните ветувања со кои ги изманипулираа гласачите, тоа се гледа и по првите потези на нивното делување: не го намалија бројот на министерствата, го прифатија Преспанскиот договор наместо да го ревидираат како што веруваа во предизоборната кампања и нема да го вратат претходното уставно име, не предлагаат ревидирање на Охридскиот договор и договорот со Бугарија, вонинституционално договараат задолжување од една милијарда евра, ги влошуваат односите со соседите.
НСДП нема да даде поддршка за ваков состав и програма на Влада“, додаваат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…