Објавено колку возила дошле на Шапка изминатиот викенд – бројката е шокирачка!

t

Првиот пообилен снег кој падна на Шар Планина го означи и почетокот на зимската сезона во нашиот најголем скијачки центар Попова Шапка. Голем број жители на Тетово, но и од други градови се упатија кон Попова Шапка, но како и години наназад, на виделина излеза лошата инфраструктура на ски-центарот, односно немањето доволно паркинг места за автомобилите, поради што се создаваа колони долги неколку километри.

Уште поголем сообраќаен хаос настанал кога посетителите требало да се вратат, па биле потребни часови за да се стигне до градот.

„СВР Тетово целосно го покри регионалниот пат Тетово-Попова Шапка со голем број полициски службеници и возила. Меѓутоа, неадекватниот капацитет на коловозот за толку голем број возила (проценка од 8.000 до 10.000), кој дополнително беше стеснет од снегот, ја намали сообраќајната проточност на овој потег. Покрај тоа, евидентен беше и недостигот на просторот за паркирање, а проблем направија и многу возила оставени на несоодветни места и недисциплинираното однесување на некои возачи, што доведе до мешаници и бавен проток на возилата во двете насоки“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Снежната покривка на Попова Шапка изнесува околу 50 сантиметри, што овозможи скијачките патеки добро да се подготват, а работаат и сите ски-лифтови и новата шестосед-жичница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…

Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…

Мерц се закани со блокада на буџетот…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…

Два случаи на семејно насилство биле пријавени…