Објавено на:

Овие улици утре ќе бидат затворени за сообрaќај во Скопје!

t

На 16.05.2022 година (понеделник), во периодот од 09.30 до 12.00 часот, од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Амбасадата на САД, ќе се спроведе оперативно-тактичка вежба, при што за сообраќај ќе бидат затворени ул.„Лазар Личеновски“, ул.„Самоилова“ и бул.„Никола Карев“, на потегот од ул.„Македонско-косовска бригада“ до ул.„8 Септември“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива вежбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ноќно обележување на надолжни линии и такси…

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта…

Овие улици утре ќе бидат затворени за…

На 16.05.2022 година (понеделник), во периодот од…

(Видео) Шилегов потрошил над 400 милиони денари…

Соетникот во Советот на Град Скопје, Филип…

На Герасимовски малку му се парите од…

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, вечерва информираше…

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат да се вратат…

На предлог на советничката од редовите на…