Огромен скок на цените на нафтата по почетокот на нападите во Украина

t

Цените на нафтата драстично порасна на азиската берза денеска, откако рускиот претседател Владимир Путин во текот на вчерашниот ден потпиша декрет за признавање на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск кои се отцепија од Украина, а подоцна им нареди на руските војници да влезат на нивните територии за да се „стабилизира” ситуацијата.

Брент од Северното Море, што е европска референца, поскапе за 1,5 проценти на 96,82 долари за барел, а американската лесна сурова нафта (WTI) порасна за 3,22 проценти на 94 долари.

Пред две недели цените достигнаа максимум од есента 2014 година, при што тогаш Брент нафтата беше регистрирана на 96,78 долари за барел, а американската нафта (WTI) достигна 95,82 долари за барел.

Русија собра околу 150.000 војници долж границата со Украина, што ги поттикна политичарите и аналитичарите да тврдат дека Кремљ можеби не е задоволен само со Доњецк и Луганск.

Заканата од голема војна неизбежно ги зголемува цените на нафтата и природниот гас, бидејќи Русија е еден од нивните најголеми производители и главен снабдувач на Европа, особено на природен гас.

Според Енди Лаипу, претседател на „Lipow Oil Associates“, доколку кризата се продлабочи, нафтата може да достигне 110 долари за барел.

Истовремено, рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов во интервју за „Energy Intelligence”, изјави дека за Русија оптималната цена на нафтата е меѓу 55 и 70 долари за барел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…

Нафтените гиганти од САД објавија рекордни добивки

Нафтените гиганти ЕксонМобил и Шеврон заработија вкупно…

Драматичен пад на цената на нафтата по…

Цените на нафтата значително паднаа откако САД…

Брент собори нов рекорд: Нафтата е најскапа…

Глобалните цени на нафтата го забрзаа својот…

Цените на нафтата повторно растат

Цените на нафтата на светските пазари денес…