Од ветени жетви – останаа само празни ниви, земјоделците од Трипуновски добија само страв и понижување

t

Од ветените жетви на Цветан Трипуновски останаа само празни ниви, понижени земјоделци и влошена состојба во македонското земјоделство, реагираат од СДСМ преку соопштение.

– И денес, наместо конкретна поддршка и решенија, Трипуновски продолжи со политички манипулации, лажни изјави и бегство од реалноста во која живеат земјоделците.

Фактите говорат јасно:
-Цената на оризот за една година е намалена од 40 на 25 денари за килограм.
-Жетвата на јачмен започна со исти – ниски – откупни цени како лани.
-Сточарите добиваат понизок откуп на млекото, за еден денар помалку, а субвенциите им се намалени.
-За производителите на сончоглед укинати се 6 денари од Интервентната програма што постоеше до пред една година.
-Се суши тутунот на полето во Прилепско, се намалија оризовите насади поради нефункционални системи за наводнување и нефункционирање на институциите.

Земјоделците една година добиваат само помалку:
– Помалку субвенции,
– Помалку поддршка,
– Помалку сигурност,
– А добиваат повеќе – страв, притисоци и понижување.

Програмите за мали семејни бизниси се укинати, социјалната димензија на земјоделството е целосно игнорирана. Тоа е вистинската слика на едногодишното „работење“ на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН со Цветан Трипуновски во ресорот земјоделство.

За само една година, земјоделците никогаш не биле во полоша положба – со ова темпо, сè повеќе полиња ќе останат необработени, а македонското село ќе биде целосно напуштено.

СДСМ останува на страната на земјоделците – со јасни мерки, системски решенија и почит за нивната работа и достоинство. – стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сточарите се заканија со протести како…

Денеска пред Владата на Република Македонија, Сојуз…

Лукаревска: Не се знае колку ќе трае…

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките…

Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски…

Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски…

Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, владата…

И денес Трипуновски не собра храброст јавно…

Задолжителното осигурување на посевите е нов удар…

Задолжителното осигурување на посевите е нов удар…