Од кабинетот на Халими велат таа има завршено економски факултет, но не прецизираат каде и кога

t

Објавил:

Ивана Стојановска

01 ноември 2023, 15:42
Сподели
Сподели

Ова биле единствените критериуми кои поранешната градоначалничка на Арачиново Миликије Халими, требало да ги исполни за да седне во директорското столче на АД „Аеродроми на Македонија“. Од нејзиниот кабинет, каде за одговор не препрати самата Халими, за Канал 5 посочија дека таа има завршено економски факултет, но не прецизираа кога ги завршила студиите и на кој универзитет… За функцијата била предложена од Владата и едногласно избрана од пет-члениот надзорен одбор на акционерското друштво во државна сопственост. Како паднал изборот на неа, прмеиерот Ковачевски денеска не образложи, но според него, тоа што имала универзитетска диплома било доволна квалификација.

„Таа е избрана од страна на Надзорниот одбор и е избрана врз основа на критериуми коишто ги има јавното претпријатие за аеродромски услуги. Сепак тоа е едно мало претпријатие и врз основа на универзитетска диплома која што таа ја има поднесено таму. Предложена е од Владата на врз основа на унверизитетска диплома којашто ја има и каква што диолома имаат и други функционери коишто обавуваат пратенички или други функции“, рече Ковачевски.

Непосредно по нејзиното поставување на директорското место во АД „Аеродроми на Македонија“ Миликије Халими јавно преку социјалните мрежи и се заблагодари директно на матичната СДСМ за укажаната доверба.

„И благодарам на партијата СДСМ за укажаната доверба да раководам со оваа институција. Ќе работиме и ќе се фокусираме на интегрирање и склопување на системите на оваа институција со фокус на зголемување на квалитетот на услугите за сите корисници, како и зголемување на ефикасноста и ефективноста на работењето на институцијата генерално“, напиша таа на нејзиниот фејсбук профил.

Нејзиното назначување, но и благодарноста упатена до партијата наидоа на низа критики од опзоциските партии. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш обвинија дека целосно некомпетентни и партиски лица се назначуваале на државни функции и дека токму поради ваквите потези на Власта пропаѓале системот и институциите на државата.

Инаку Халими на директорското место во „Аердороми“ доаѓа од Царина, каде по поразот на изборите во 2021 година беше вработена како инспектор за броба против економски криминал, позиција за која тогаш конкурурала со завршено средно медицинско образование.. Сега, Халими ќе управува со АД Аеродроми – државно претпријатие кое нема голем обем на работа, со оглед што и двата аеродроми кај нас се дадени под концесија на ТАВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…