Од полноќ бензините по стара цена, за половина денар поскапува дизелот
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ја зголеми малопродажната цена на дизел горивото за половина денар, а цената бензините еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98 не се менува. Одлуката стапува на сила на полноќ.
Па така од утре дизелот ќе изнесува 71,50 ден/литар. За половина денар ќе се зголеми и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 71 денар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,491 ден/кг и изнесува 46,295 ден/кг.
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 71,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 46,295 (денари/килограм)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невреме и бури ја зафатија Шпанија, во…
102-годишна жена загина, а околу 90 лица…
Ѓорѓиевски најави акција против дивите продавачи низ…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека…
Пронајдени починати двајца мажи во Скопје, еден…
На 02.10.2026 во 05:30 часот во СВР…
Пожар во близина на објект на саудиска…
Чад и оган се забележани денеска во…
Малолетник од Скопје силувал малолетничка, делото го…
Малолетник доби кривична пријава поради сомнение за…