Општина Кисела Вода поднесе прекршочна пријава за ЈП „Комунална хигиена“ Скопје
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека е поднесена прекршочна пријава против ЈП „Комунална хигиена “Скопје поради отпадот кој не се собира редовно од територијата на општината. Ѓорѓиевски посочува дека контејнерите во општината се полни и на овие високи температури се шири страшна миризба.
„Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена” и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град. Досега неколку пати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успеаа со проактивност од страна на ЈП ,,Комунална хигиена” кое сите граѓани на Скопје го плаќаме. Бевте сведоци кога како градоначалници лани се обидовме да со собереме сметот што со недели стоеше на улиците, нема да дозволиме да се случи ова повторно напиша градоначалникот.
Тој додаде дека во нормалната комуникација немало никаква рекација од нивна страна и поради тоа бил испратен комунален испектор да ја провери состојбата на терен при што се увидело дека ситуацијата е катастрофална. Ѓоргиевски напомена дека секое непостапување од страна на „Комунална хигиена“ ќе значи нова прекршочна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп постигна договор со Путин: Америка ќе…
Во неочекуван пресврт во американската енергетска политика,…
Торнадо пустошеше низ Сицилија: Автомобили летале од…
Силно торнадо денеска го погоди западниот дел…
(Видео) Санкционирани возачите што се движеа со…
Полицијата ги идентификувала и ќе ги санкционира…
Ердоган од Истанбул: Газа е претворена во…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остри…
Сиљановска-Давкова со претседателката на турската Црвена полумесечина:…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма…