Османи – Борел: Неопходност од постепена интеграција на земјите од Западен Балкан пред формалното членство во ЕУ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета во Брисел оствари средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ.
Во фокусот на разговорите беа актуелностите поврзани со европското досие, процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија и внатрешно-политичката динамика во земјата.
Османи го акцентираше успешното завршување на скринингот, како и потребата од забрзување на процесот на пристапување кон ЕУ што служи како силен мотиватор и движечка сила за реформи. Воедно, се осврна и на целосната усогласеност на Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, нагласувајќи ја и потребата од забрзана интеграција со учество во повеќе конфигурации на Советот на ЕУ, зголемена помош или прогресивен влез во политиките и придобивките резервирани за земјите членки.
Полноправното членство на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива. Она што сега ни треба, е регионот да биде подготвен за членство, додека Унијата за проширувањето, односно да го задржиме кредибилитетот на процесот преку поголема интеграција пред членството“, истакна Османи.
Соговорниците се осврнаа и на ЕУ интеграциите во поширок регионален контекст, а разговараа и за соработката и справувањето со последиците од руската воена агресија во Украина, ситуацијата во Газа и Блискиот Исток и други актуелни прашања од надворешно политичка и безбедносна природа.
Во Брисел, Министерот Османи имаше прилика да се сретне и со специјалниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан, Мирослав Лајчак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…