Османи до ВМРО-ДПМНЕ: Нека изгласаат уставни измени,па нека бираат термин за избори
Опозицијата има можност да го избере датумот и за претседателските и за парламентарните избори доколку ги изгласа уставните измени – порача министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според него можноста за избор што ја даваат на опозицијата е фер понуда од страна на владејачката гарнитура.
„ Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите. Кога и да сакаат. Денеска, утре, задутре – веднаш по изгласување на уставните измени. Мислам дека ова е фер понуда од наша страна“, рече министерот Османи.
Доколку не се изгласаат уставните измени остануваат редовните термини за изборите следната година, а дали ќе бидат заедно или одвоено е само прашање на логистика, техника.
„Мислам дека во тој случај редовните термини треба да бидат земени предвид и мислам дека станува прашање веќе на технички, логистички пресметки по однос на одржување на изборите отколку политички проценки. Политичка проценка е оваа понуда, нека ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат денот на избори кога и да сакаат и за претседателските и за парламентарните. Доколку не, одиме на редовни избори. Дали ќе бидат заедно, дали ќе бидат одвоено тоа е прашање на логистика, техника и повеќе проценки на политичките партии, да најдеме одреден консензус“, вели министерот Османи.
Тој не даде конкретен одговор на новинарско прашање дали за него е прифатлив предлогот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски изборите да се организираат следната година во април меѓу Велигден и Рамазан Бајрам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…