Османи за 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц: Албанците им дадоа засолниште на Евреите
Косовската претседателка Вјоса Османи присуствуваше на комеморацијата на 80-годишнината од ослободувањето на логорот Аушвиц, каде рече дека Албанците „ги отвориле вратите и срцата“ и им дале засолниште на Евреите во најтемните денови од нивната историја.
„Нашето минато, нека не биде иднината на нашите деца. Ова беше пораката на преживеаните од Холокаустот на свеченоста по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во Полска“, објави Османи на Фејсбук.
Како што додаде таа, во тој страшен логор, повеќе од милион мажи, жени и деца од полски и други националности биле интернирани, мачени и егзекутирани на најнехуман начин, само затоа што биле Евреи.
За време на оваа искушение, Албанците ги отворија вратите и срцата и верно ги засолнаа Евреите во најтемните денови од нивната историја“, рече Османи.
Тој додава дека Косово поминало низ ужасите на војната и геноцидот, кои, како што тврди, „ги извршила Србија“, и поради оваа причина, како што вели, „најдобро ја разбира важноста на единството на сите во борбата против омразата“.
Инаку, Владата на Косово под премиерот Курти ја реновира куќата на Џафер Дева, еден од основачите на 21-та СС дивизија Скендербег, познат по учеството во холокаустот врз Евреите на територијата на Косово, што предизвика реакции од меѓународната јавност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама вели дека Албанија нема да им…
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека…
Евростат: Албанците најбројни по добиени државјанства во…
Околу 1,2 милиони луѓе добиле државјанство на…
Путин: Русија никогаш нема да ги заборави…
Русија никогаш нема да ги заборави ужасните…
Масовна тепачка меѓу Македонци и Албанци во…
Италијанските медиуми известуваат дека пред два дена…
Ахмети со честитка на независноста: Нема никаква…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати честитка…