Османи и денеска најавува разговори со крило во ВМРО-ДПМНЕ
За многу брзо време јавноста ќе се увери дека во ВМРО-ДПМНЕ има иделошко крило кое ќе гласа за уставни измени, порача и денеска шефот на дипломатијата Османи, откако вчера од опзоциската партија го обвинија дека со таквите тврдења само се обидува да ја дефокусира јавноста. На истиот став во ВМРО-ДПМНЕ остануваат и денеска. Според Османи можностите за меѓупартиски консензус се уште не се ицрпени и предупреди дека ако не се решат уставните измени сега, Македонија ќе влезе во групата земји со отворени прашања, на која и се заканува децениска изолација.
„Ако ги завршиме уставните измени, ние влегуваме во групата што очекуваат во наредните години да станат земји членки на ЕУ. Одлука за тоа веќе има во ЕУ, ако не ги решиме уставните измени, ние влегуваме во групата на земји кои што имаат отворени прашања и тогаш ни се враќаат Договорот со Бугарија, Протоколот и општо односите со Бугарија, историските прашања. Мислам дека никој од пратениците нема да се осуди неговото име да се запише во историјата како луѓе, кои што ја ставиле земјата во група на земји со отворени прашања“, рече Османи.
А освен од уставните измени, динамиката на евроитегративниот процес на целиот регион ќе зависи и од моменталната состојба на северот на Косово и од односите помеѓу Белград и Приштина, порача шефот на дипломатијата. Предупреди на постоење сериозен потенцијал за дополнителна ескалација на состојбите во Косово, а како претседавач со ОБСЕ, уште еднаш ги повика Србија и Косово на што посокоро исполнување на патоказот од девет точки за што на средба во министеството ги поканил и шефовите на мисиите на ОБСЕ во Беград, во Приштина и во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажеле дека купуваат трактори, трвделе дека се…
Неправилности при користењето на финансиската поддршка во…
Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште…
Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг,…
Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…
Прекин во услугите на Microsoft на 12…
Две години затвор за поранешниот директор на…
Основниот суд во Битола му изрече две…
Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…
Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…