Остатоци од руски дрон паднале врз станбена куќа во Полска

t

Остатоци од руски дрон паднале врз станбена куќа во регионот Лублин, објавија полските медиуми. „Полсат њуз“ објави дека покривот и паркингот се оштетени, но никој не е повреден.

Повикувајќи се на локален полициски инспектор, „Полсат“ соопшти дека „остатоците од руски дрон паднале врз станбена куќа во градот Вирики Вола“.

„Луѓето слушнале експлозија и виделе полски борбени авиони. Ситуацијата е доста сериозна и загрижувачка. Навистина постои голема загриженост кај жителите“, рече градоначалникот Мариуш Занко.

Регионот Лублин, во источна Полска, се граничи со Белорусија и Украина

https://twitter.com/remizacompl/status/1965661171115327609

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…

Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…

Бројот на загинати во вооружениот напад што…

(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков:…

Најмалку две лица загинаа, а десет други…