Официјално: Македонија набавува повеќенаменски еликоптери од Италија!

t

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор влада со влада помеѓу Владата на Република Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република.

Како што се наведува во соопштението, овластена е министерката за одбрана, Славјанка Петровска, да го потпише Аранжманот помеѓу Министерството за одбрана и Министерството за одбрана на Италија, за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација.

Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО.

На седницата Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија, за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Италија сака да воведе данок за богатите…

Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…

Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…

Сакам да информирам за една преубава вест,…

Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…

Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…