Охридскиот театар слави 11 години од првата премиера
Со 35 одиграни премиери и над 400 претстави, како и 67 гостувања Охридскиот театар денеска прославува 11 години од првата премиера од формирањето како професионална институција.
Дел од актерската екипа денеска на прес-конференција навраќајќи се на 3 јуни 2011 година, кога во медиумите одекнала веста „Охрид конечно доби свој професионален театар“, раскажа за почетоците и импресиите на, како што рече актерот, Стрезо Стаматовски, мала група амбициозни и професионални актери од Охрид, ентузијасти, па дури и болни оптимисти.
– На таа мала група подоцна и се приклучи уште една мала група актери и станавме 10, можеби малку, но сепак силни. На денешен ден пред 11 години првпат се изговори првата реплика од претставата „Метаморфози“ во режија на Андреј Цветановски од сега веќе институционализираниот Народен театар Охрид, истакна Стаматовски.
Во досегашното 11-годишно постоење, Театарот во Охрид се закитил со пет награди од реномиран фестивали во земјава, како „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, „Ристо Шишков“ во Струмица, но и надвор од државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентка издрогирана, претепана и групно силувана од…
Поранешна студентка на американскиот универзитет Корнел поднесе…
Пет-шест дена ќе требаат за нормално функционирање…
Пукната топловодна цевка на вториот кат ја…
Двајца полицајци нападнати во Липково
Двајца полицајци вчера биле нападнати во Липково.…
Запленети 150 килограми месо со изминат рок,…
Агенцијата за храна и ветеринарство заплени 150…
Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни…
По повод одбележување на Светскиот ден на…