Партиите тврдат: Владејачкото мнозинство и Владата се стабилни!
Партиите од владејачкото мнозинство тврдат дека нема проблеми во коалицијата и дека парламентарното мнозинство е стабилно.
Оттаму велат дека Владата е посветена на менаџирање на кризата и преговорите со ЕУ.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ги нарече лажна вест информациите за негова смена откако 20 сопартици му испратија писмо на лидерот Али Ахмети искажувајќи незадоволство и барање да се промени, како што велат тие, дилетантскиот однос на Артан Груби.
Османи кажа дека во партијата има големо ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот.
– Со вчерашната изјава на Ахмети, мислам дека тука е завршена таа приказна, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на вчерашниот брифинг во МНР.
Дека владиното мнозинство е стабило го повтори и потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов.
-Владиното мнозинство е стабилно и коалицијата нема никакви проблеми, истакна Костадинов.
Костадинов вели дека засега има информации дека од владиниот тим ќе се менува само Горан Милевски од Министерството за локална самоуправа кој даде оставка и нема најави за дополнителни промени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
