Пендаровски: НБРМ води стабилна монетарна политика – Во услови на криза инфлацијата беше стабилизирана

t

Изминативе две години, поради пандемијата, а сега уште позасилено поради руската инвазија во Украина, ние, но, воопшто и Европа и светот, се соочуваат со економска и енергетска криза, ценовни шокови и инфлација. Но, и во вакви сложени услови, државните институции функционираат стабилизирачки, со што ја оправдуваат довербата на граѓаните. Водечка во оваа смисла е Народната банка која водеше и води ефикасна монетарна политика за време на сите овие кризи, со што испраќа јасни сигнали до економските фактори, а тоа повратно влијае стабилизирачки во однос на состојбите на пазарот и инфлаторните движења, рече претседателот Стево Пендаровски во синоќешното обраќање на Свечената академија по повод 30 години од монетарното осамостојување.

Изразувајќи очекување дека Народната банка ќе продолжи да ја одржува својата уставно загарантирана независност во однос и на политичките и на економските центри на моќ и во иднина ќе придонесува за одржувањето стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем, Пендаровски порача дека единствено со транспарентна политика и домаќинско работење може да се гарантира улогата на финансискиот сектор, да се поддржи реалната економија и да се работи во интерес на граѓаните.

-Јасно е дека освен некои внатрешно генерирани состојби низ годините, сепак, актуелните економски турбуленции на глобално ниво, во голема мерка влијаат на довербата на граѓаните во банкарскиот систем и кај нас и во светот. За жал, таа доверба, денес, во континуитет се поткопува и од фактори кои стануваат се потешки за контрола. Зборувам за хибридните закани, меѓу кои најопасни се дезинформациите кои се широко застапени и сѐ поинтензивно се појавуваат на социјалните мрежи. Сведоци сме, особено последнава година, дека Народната банка беше таргетирана со многубројни лажни вести со единствена цел, да креираат паника меѓу граѓаните, несигурност и недоверба во системот. Меѓутоа, мораме да констатираме дека нашата централна банка досега успешно ги води тие битки и навремено реагира на сите вести кои пласираат невистини, потенцира претседателот.

Тој се осврна и на историјатот, со напомена дека оваа институција одигра силна улога во зацврстувањето на темелите на нашата независност и државност. Минатата година, потсети, земјава одбележа 30 години независност, „но круцијален државотворен аспект без кој ќе беше невозможно заокружувањето на меѓународно-правниот субјективитет на новата држава, беше монетарното осамостојување”.

-Со прогласувањето на независноста во 1991-та, нашата Централна банка почна да стекнува сосема поинакво ново искуство, кое ни помогна успешно да ги надминеме комплексните предизвици од првите години од независноста. Веќе идната 1992 година, во Парламентот беше усвоен пакетот закони со кои беше поставена институционалната рамка на монетарниот систем, а пред македонските граѓани беа претставени банкнотите на новата македонска валута ‒ денарот, првиот симбол на нашето монетарно осамостојување.

Како што вели претседателот, „инфлацијата беше стабилизирана, банкарскиот систем почна да закрепнува, а беше оформена и позначајна сума на девизни резерви како клучен аспект на девизната ликвидност на земјата. Со тоа беше поставен примарниот одбранбен механизам од евентуалните надворешни регионални и светски финансиски шокови, но и поддршка во процесот на транзиција на националната економија кон современите пазарни економски системи, подвлече шефот на државата“.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа на НБРМ: Колку чинат валутите…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Курсна листа на НБРМ: Колку чинат валутите…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Ангеловска-Бежоска: Западен Балкан има понизок БДП за…

Малата инволвираност на жените во општеството, не…

Курсна листа на НБРМ, ова е денешната…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…