Песков: Обидите за конфискација на руски имот се незаконски според меѓународното право
Обидите за конфискација на руски имот се незаконски според меѓународното право, а сите земји што ја поддржуваат оваа идеја ќе ги почувствуваат последиците, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Јасно е дека естонските власти сакаат да бидат добри студенти и да направат преседан во оваа област. Какви и да се преземат мерки во тој контекст, тие ќе бидат апсолутно безначајни и незаконски од гледна точка на меѓународното право и, се разбира, ќе имаат последици за оние земји што барем на некој начин се придржуваат до таа идеја“, рече Песков до ТАСС.
Тој оцени дека САД и НАТО де факто станаа индиректна страна во конфликтот во Украина преплавувајќи ја Украина со оружје, технологија и разузнавачки информации.
Тој ги отфрли како неточни најавите од социјалната мрежа „Телеграм“, во кои се наведува дека заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, во Турција разговарал со поранешниот американски специјален претставник за преговори за Украина, Курт Волкер, и со потсекретарот за политички прашања, пренесува „Танјуг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица започнува соработка со реформаторите во…
Амар Мециновиќ пратеник и портпарол на Левица,…
(Видео) Уапсен 62-годишен тетовец по сомнение за…
По видео објавено на социјалните мрежи, 62-годишен…
Најмалку 151 руски и осомничени руски хибридни…
Пожари во магацини, експлозивни пакети во курирски…
НАПАДНАТ 13-ГОДИШНИК ВО СКОПЈЕ: Родител на негов…
13-годишно момче од Скопје било донесено со…
Голема утеха од Брисел: Напредокот ѝ е…
Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред…