Објавено на:

Петков ќе го посети Киев – Наскоро ќе се знае дали Бугарија ќе ѝ испрати оружје на Украина

t

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во интервју за Нова ТВ соопшти дека за неколку дена ќе го посети Киев, а за учество во делегацијата ги поканил претставниците на четирите партии од владејачката коалиција. Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста за посетата на бугарскиот премиер на Киев доаѓа во контекст на сериозни проблеми меѓу владејачките партии за прашањето за воена помош за Украина.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, вчера ја напушти Софија без да добие јасен одговор дали Бугарија ќе даде воена помош. Тој учествуваше на состанокот на парламентарната комисија за надворешна политика, пред која зборуваше за руската воена акција во неговата земја и повика на воена помош.

Петков напиша обраќање на Фејсбук, во кое повика на бришење на црвените линии и укинување на ултиматумите за ова прашање.

„Демократска Бугарија“ најави дека доколку не се прифати воена помош, тоа може да доведе до нивно повлекување од владејачката коалиција. Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов на својот Фејсбук профил за првпат напиша дека треба да се обезбеди секаква помош за Украина, вклучувајќи и воена. Главен противник останува Бугарската социјалистичка партија на вицепремиерката Корнелија Нинова, која смета дека доколку се даде оружје, конфликтот дополнително ќе ескалира.

Народното собрание на Бугарија по велигденскиот одмор мора да одлучи дали ќе испрати воена помош за Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба…

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател…

(Видео) Експлозии во Киев, во цела Украина…

Повеќе експлозии од утринава одекнуваат во Киев,…

Киев: Русите помалку летаат над Украина откако…

Руските воздушни операции над источна Украина значително…

Протести во Киев поради смената на началникот…

Одлуката за промена на Залужни дочекана на…

Зеленски го покани Трамп во Киев: Дојди…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани Доналд…