Петмина Италијанци загинаа во несреќа при нуркање на Малдивите
Петмина италијански државјани загинаа во нуркачка несреќа на Малдивите, соопшти италијанското Министерство за надворешни работи.
Според Министерството, нуркачите тргнале да истражуваат пештери на длабочина од околу 50 метри во атолот Вааву.
Засега нема информации за причините за несреќата, а властите на Малдивите отворија истрага за случајот.
Од Рим соопштија дека италијанската амбасада во Шри Ланка работи на обезбедување поддршка за семејствата на жртвите.
Малдивите се островска држава во Индискиот Океан, југозападно од Шри Ланка, позната по белите песочни плажи и коралните гребени, кои привлекуваат голем број туристи, нуркачи и љубители на подводни активности.
Италијанските медиуми јавија дека четворица од загинатите биле вработени или студенти на Универзитетот во Џенова.
Универзитетот соопшти дека жали за загубата на професорка по екологија, нејзината ќерка која студирала таму, еден предавач и студент кој неодамна дипломирал биологија и морска биологија.
Италијанската министерка за наука Ана Марија Бернини на платформата Икс изјави дека трагедијата „длабоко ја потресе академската заедница во Италија“.
Италијанските власти засега не соопштија дополнителни информации за идентитетот на петтата жртва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…
Во музеј на Сицилија, украдени се четири…
„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…
Родители возеле околу 100 километри низ Италија…
Италијански бизнисмен поставил бомба пред домот на…
Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го…
Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…
Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…
Италија со нов предлог за миграцијата: Центри…
Италија на денешниот вонреден состанок на министрите…