Петровска: Македонија донесе осум одлуки за воена помош на Украина
Состојбата во Украина никого не остава рамнодушен. Еднаш ја посетив Украина и веројатно ги делиме истите впечатоци, а тоа е ужасност од сликите таму. Позициите на Македонија се многу јасни од почетокот на кризата – покрај политичката осуда и политичката поддршка за Украина, нашата земја досега донесе осум одлуки за донација на воена опрема и вооружување, со кои сметавме дека ќе допринесеме во одбраната на Украина, а не во поддржувањето на војната, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска на денешната прес-конференција со нејзината австриска колешка, Клаудија Танер, како одговор на новинарско прашање.
Според Петровска, во понатамошниот процес на опоравување на Украина, кога војната ќе заврши, потребно е секоја земја да учествува со оние капацитети кои ги има на располагање и за кои смета дека може да допринесе.
-Крај на војната и стабилизирање е нешто што го посакуваме сите ние, но за жал не зависи од нас. Апсолутно ќе придонесеме тоа да се случи, порача Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…