Петровска: Се зајанува безбедноста на македонското небо – Италијански воздухопловни сили ќе патролираат над Македонија
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на Фејсук соопшти дека е донесена одлука за вклучување на италијанските воздухопловни сили во мисијата за патролирање на небото над Македонија, со цел да се зајакне безбедноста над нашето небо.
-Ја зајакнуваме безбедноста над македонското небо.
Донесена е одлука за вклучување на италијанските воздухопловни сили во мисијата за воздушно патролирање на небото над Македонија.
Во периодот што следува ќе се пристапи кон усогласување на техничкиот аранжман помеѓу двете држави, по чие потпишување официјално и Италија ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија над македонското небо. Воздушното патролирање е дел од одбранбена мисија на НАТО алијансата за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на македонските граѓани. – напиша Петровска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…
Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…