Пешак усмртен на патот Штип – Кадрифаково
На 18.11.2024 во 23.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од Штип, удрило во пешакот И.К.(60) од с.Три Чешми.
Од здобиените повреди, И.К. починал на местото на настанот.
-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информира МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…