Плати помали од фризерка во Мепсо: Вработените си одат од факултетите поради ниските плати

t

Вработените ги напуштаат факултетите поради ниските плати. Ова го потврди деканот на Филозофски факултет Ратко Дуев.

Според Дуев има плати кои се далеку пониски од просечната плата, а како што вели со тие ниски примања не може да се функционира како наставник.

– Не само наставен и ненаставен кадар почнуваат вработените да не напушта. Плата во администрациите на УКИМ, да речеме со Правен факултет е некаде околу 23.000 денари, ако просечната плата е 30.000 денари, а ние не можеме да функционираме само како наставници. На асистент платата е 26.000 денари. Магистриран, талентиран кадар како да го придобиеме за плата од 26.000 денари, рече тој за Топ Тема.

Колективниот договор е потпишан минатата година, според којшто од септември ќе започне зголемувањето на платите.
Дуев вели проблемот е во тоа што во тој колективен договор на професорите им е качена платата за 10%, но на администрацијата само 1%.
„Во последните 15 години во основното и средното образование платите се качени за 60%, а во високото образование само 20%“, истакна Дуев.

Неда Здравева, професор на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ додаде дека речиси е невозможна мисија да најдете некој којшто ќе се занимава со информатичките системи на универзитетот, бидејќи тоа е една од најплатените работи во оваа држава.
– Значи вие треба да му понудите на некој информатичар, кој во просек заработува 1.500 евра месечно треба да му понудите да дојде да работи за плата од 25-6.000 денари нето, рече Здравева.

Атанас Кочов, професор на Машинскиот факултет, истакна дека факултети имаат научно-истражувачка и апликативна дејност, што значи дека можеме да работиме три различни дејности, покрај редовната настав.
– Кога зборуваме за финансирањето не се само платите во прашање, кои не се на задоволително ниво потребна е структурна реформа во начинот на финансирање. Тоа е тешко и ќе биде болно за многу од универзитетите и факултети, како и за вработените. Ништо не сме направиле ако само ни ги покачат платите ако ние имаме луѓе кои сакаат да се занимаваат со наука и со истражување. Имаат проекти кои ќе бидат или финансирани од државата или од она што веќе го нуди Европската комисија. Да се одвојат и тоа да биде јасно утврдено, рече Кочов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЕПСО бара зголемување од 97% на цената…

МЕПСО бара зголемување од над 97 проценти…

ДЗР утврди низа неправилности во МЕПСО, дури…

Утврдени се неправилности во управувањето со имотот,…

ДУИ: Бурим Латифи ја призна штетата од…

Вчерашните изјави и постапки на директорот на…

ДУИ објави договор: Бараат итна истрага за…

Денес објавуваме еден од договорите што јасно…

ДУИ бара итна истрага за Бурим Латифи…

Демократската Унија за Интеграција бара итна истрага…