Повреден полицаец од Куманово: Несовесен возач го прегазил наместо да застане!
Полициски службеник од Куманово е повреден откако во него удрил автомобил додека тој вршел службени дејствија во селото Долно Којнаре. Возачот на автомобилот не застанал на дадениот знак за запирање, а удрил и во друго возило кое било паркирано.
– Вчера во 23:30 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Сопот, кај село Долно Којнаре кумановско, патничко возило удрило во полициски службеник кој вршел службени дејства, не застанувајќи на даден знак за запирање, откако претходно удрило во паркирано патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. од с. Долно Којнаре, соопшти денеска кумановската полиција.
Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Полицијата извршила увид и работи на целосно расчистување на случајот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Експлодирала плинска боца во стан во Куманово
Плинска боца експлодирала во стан во Куманово,…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…