Поднесена кривична пријава за „лихварство“ против струмичанка
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т.(53) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем, при што за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист. Машко лице во неколку наврати позајмувало пари од неа, но откако не можел да ја плати каматата, пријавената почнала да му упатува закани по неговиот живот и животот на неговото потесно семејство. На 26.02.2026, пријавената се договорила со оштетениот да се сретнат во близина на нејзината куќа, по што полициски службеници од СВР Струмица, кај Ј.Т. пронашле банкнота од 100 евра, која претходно била криминалистичко-технички обработена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…