Пожар во дом за стари лица во Париз, има мртви!

t

Најмалку три лица загинаа, а осум се повредени во пожар што избувна во дом за стари лица во градот Буфемон, недалеку од Париз, соопштија локалните власти.

Градоначалникот на Буфемон, Мишел Лаксу изјави дека пожарот најверојатно е несреќен случај, пренесе француската телевизија БФМ.

Пожарот избувнал во пералната и се проширил на третиот кат од зградата во која живееле 75 постари лица.

Противпожарната служба испрати 140 пожарникари на терен, а пожарот набрзо е ставен под контрола, изјави портпаролот на француската цивилна заштита, командантот Адријан Понен-Зинапеан.

Истрагата за причините за пожарот е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите забрани се укинати, сообраќајот се одвива…

Патните правци во државата се проодни во…

Украина ја погоди базата на руската елитна…

Украинската војска соопшти дека погодила база на…

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕСТУВАЧ НА ОН: Во регионот постојат…

Специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата…

(Видео) Ни Рокас не знае што ќе…

Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека историските прашања…