Дел од полицајците од денеска без здравствено осигурување: Синдикатот бара итно решавање на проблемот

t

Полицајци кои утрово биле на лекарски и на стоматолошки прегледи се жалат дека им било кажано оти немаат уплатено здравствено осигурување, поради што прегледите и интервенциите морале да ги платат приватно, објави Телма, цитирајќи неколкумина полицајци кои се обратиле до телевизијата.

Ситуацијата со здравственото осигурување ја потврдуваат и од Независниот синдикат на полицијата. Оттаму бараат МВР да го реши проблемот, кој е дополнително тежок и поради тоа што без здравствено се и децата осигурани преку родителите-полицајци.

-Во текот на денот, на мејловите и на телефоните на Независниот Синдикат на Полицијата, пристигнаа повеќе од 50-тина известувања како поплаки по барање совет како да се справат со некои од вечните Неработници кои се по удобните канцеларии во седиштето на МВР. Денеска повеќе 10-тина вработени во полицијата приватно платија за прегледи, неколку од нив и за систематски прегледи за првачиња, за деца на полицајци кои треба да бидат запишани во прво одделение во учебната 2022/23 год, соопштија од НСП.

Од МВР велат дека се е платено и проблемите се надминуваат.

-За сите вработени во Министерството за внатрешни работи се уплатени придонесите во законски утврдените рокови, но настанат е проблем при пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос. МВР веднаш презеде мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот ќе биде надминат во најскоро време, одговорија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…

Од МВР информираат дека се поднесени кривични…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…