Полицијата во Амстердам ја евакуираше централната метро станица: повикан е тим за експлозиви
Полицијата во Амстердам ја расчисти областа околу централната метро станица Рокин, а експертите за експлозиви се на лице место и вршат увид, соопшти полицијата.
„Поради сомнителна ситуација, метро станицата Рокин штотуку е евакуирана, а областа околу станицата е опколена. ТЕВ врши увид на лице место“, напиша полицијата на платформата „Икс“.
Метро станицата Рокин се наоѓа во самиот центар на градот, во близина на плоштадот Дам и главната трговска улица, пренесува „ДВ“.
Репортер на државната телевизија „НОС“ изјави дека е оградена површина од околу 700 метри околу станицата.
Тој додаде дека има забележливо големо присуство на полицијата и дека сообраќајот во центарот на Амстердам е во застој.
Апликацијата Бургернет, која ги предупредува жителите за итни случаи во нивната област, соопшти дека полицијата трага по маж во врска со инцидентот.
Човекот е опишан како висок 175 сантиметри, со светол тен, темна коса и носел црна јакна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…