Половина милион Полјаци излегоа на улица, најголем протест од падот на комунизмот
Половина милион Полјаци излегоа на улиците на Варшава во неделата за да протестираат против популистичката националистичка влада, неколку месеци пред есенските парламентарни избори, објавија организаторите. Се чини дека собирот е најголемиот во оваа земја од падот на комунизмот во 1989 година, јави француската новинска агенција АФП, а британската агенција Ројтерс процени дека поворката во Варшава е долга најмалку 1,5 километар.
Доаѓајќи од цела Полска, демонстрантите облечени во полски бои, бело и црвено и боите на Европската унија одговорија на повикот на лидерот на главната центристичка опозициска партија Граѓанска платформа на поранешниот претседател на Европскиот совет и поранешен премиер Доналд Туск, да протестираат против „високата цена на живеење, мамење и лажење, во корист на демократијата, слободните избори и ЕУ“.
Некои држеа маски на лидерот на владејачката партија Јарослав Качински на кои беше испишан зборот „срам“. Лидерите на повеќето опозициски партии ги охрабрија своите поддржувачи да се приклучат на големиот марш против популистичката националистичка владејачка партија Право и правда (ПиС), нејзиниот лидер Јарослав Качински и неговите сојузници.
Со бели и црвени срца залепени на градите, претставниците на платформата го водеа маршот придружуван од легендарниот водач на првиот слободен синдикат во комунистичкиот свет во 1980-тите, Лех Валенса, добитник на Нобеловата награда за мир во 1983 година.
Во кусиот говор, Туск истакна дека мисијата на опозицијата е „споредлива по важност“ со онаа од 1980-тите и борбата против комунизмот во тоа време. „Тука сме денес за цела Полска, цела Европа, целиот свет да види колку сме силни, колку сме подготвени да се бориме за слобода и демократија, како пред 30 и 40 години“, рече Туск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автобус од Полска излета од пат во…
Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…
Туск: Полска не сака војна, но ја…
Полска не сака нови битки и се…
Полска спречи атентат врз американско-украински државјанин, Туск…
Полскиот премиер Доналд Туск денеска соопшти дека…
Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…
Полската економија станува се позначајна во Европската…
Туск: Полска не беше цел на објектот…
Полска не била цел на ракетата за…