Објавено на:

Полската амбасада во Москва полиена со “крв”

t

Лица чиј идентитет сè уште не е познат, вчера ја полија со црвена боја амбасадата на Полска во Москва. Потегот следува откако Русија од Варшава побара официјално извинување за сличен инцидент, кога беше нападнат руски амбасадор во Полска, пишуваат странски медиуми.Во понеделникот, украински поддржувачи во Варшава со црвена боја полија руски амбасадор, додека тој чекорел да положи венец, во знак на сеќавање на победата во Втората светска војна.

Руското Министерство за надворешни работи вчера го повика полскиот амбасадор Кристоф Крајевски, да му врачи протесна нота поради „скандалозниот“ напад. Беше побарано и „официјално извинување“ од полската Влада.

„Одлуката за следни чекори, ќе биде донесена врз основа на реакцијата на Варшава на нашите барања“, наведија од руското Министерство.

Истиот ден, црвена боја е фрлена на зградата, каде се наоѓа полската амбасада во Москва.

Според руските и полски медиуми, Крајевски го потврдил инцидентот.

Заменикот на полскиот министер за надворешни работи, Марцин Прзидац во Вашингтон изјави дека очекува Русија да го расчисти инцидентот и да ги фати виновниците.

Шефот на полската дипломатија, Збигниев Рау во понеделникот истакна дека нападот врз рускиот амбасадор, е, инцидент што не требало да се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ќе им дозволи на пилотите на…

Полска ќе им дозволи на своите пилоти…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…

Дрон со млазен погон паднал или бил…

Захарова: Француската иницијатива за нуклеарно одвраќање претставува…

Иницијативата за „проширено нуклеарно одвраќање“, што Франција…

Украина и Полска: Руската закана веќе е…

Украина и Полска предупредија на зголемена руска…