Објавено на:

Полската јавност во шок: Повеќе од 30 фетуси пронајдени при градежни работи на приватен имот

t

Полска е во шок откако во село во близина на Жешов се пронајдени остатоци од човечки фетуси и медицински отпад  закопани на приватен имот. Земјиштето претходно и припаѓаше на 57-годишна жена- патолог која е приведена, пишува Еуроњуз.

Ужасот бил откриен  додека градежна механизација работела на уредување на пристапниот пат кон куќата. По пронаоѓањето на првите остатоци, на местото веднаш пристигнале истражни органи, кои започнале детална истрага.

Според информациите од обвинителството, биле пронајдени вкупно 29 фетуси, како и медицински отпад, меѓу кој и материјали што вообичаено се користат за чување примероци за лабораториски анализи.

„Според досегашните сознанија, овие предмети беа откриени за време на земјени работи на имотот. Меѓу отпадот беа пронајдени човечки фетус и други остатоци за кои се верува дека се во раните фази на фетуси или нивни фрагменти. Експертите по судска медицина излегоа на местото на настанот и потврдија дека станува збор за човечки фетуси“, додаде обвинителот.

Првите информации беа за десетина пронајдени фетуси, но медиумите подоцна објавија дека истражителите пронашле остатоци од околу триесет. Обвинителството нагласи дека точниот број ќе биде познат дури по стручните испитувања и идентификацијата на целиот пронајден материјал.

Работата на имотот ќе продолжи следната недела, а обвинителството објави дека засега нема да објавува повеќе информации за случајот.

Утврдено е дека сегашните сопственици ја купиле парцелата од 57-годишната Магдалена Х., по професија патолог, која била приведена во четвртокот. Жената требала да биде испрашана, но тоа не се случило, затоа што се  разболела за време на притворањето и побарала медицинска помош, по што била однесена во болница.

Според медиумските извештаи, жената тврдела дека останките потекнуваат од материјал што се користи за патолошки испитувања. Неофицијално, постои и можност дел од материјалот да е земен од болницата за време на пандемијата со ковид,  што истражителите моментално го проверуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полската јавност во шок: Повеќе од 30…

Полска е во шок откако во село…

Ја заобиколува Полска поради затегнатите односи: Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го…

Силно торнадо во Полска оштети куќи и…

Силно торнадо е пријавено во Полска, откако…

Полскиот претседател ќе му го одземе највисокиот…

Полскиот претседател Карол Навроцки ќе му го…

Нов договор меѓу Велика Британија и Полска…

Полска сака најблиски можни дипломатски односи со…