Полска го презеде претседавањето со ОБСЕ
Полска денеска го презеде едногодишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) со седиште во Виена.
Шефот на полската дипломатија Збигњев Рау најави дека во фокусот на претседавањето на Варшава со организацијата која покрива земји од Ванкувер до Владивосток ќе бидат основните задачи на ОБСЕ.
Претходно, Рау најави дека Полска ќе се фокусира на поддршка за решавање конфликти и помагање на граѓаните погодени од конфликти, како и на одговор на предизвиците по ковид и зајакнување на соработката во рамките на ОБСЕ.
Презентирајќи ги приоритетите на претседавањето со ОБСЕ во средината на минатата година, шефот на полската дипломатија потсети дека Хелсиншката повелба од 1975 година јасно ги промовира основните права, економскиот и социјалниот напредок, како и обезбедување услови во кои луѓето можат да живеат во мир, ослободени од закани.
Инаку, Полска официјално го презеде претседавањето од Шведска на 1 јануари, а тоа и формално ќе го направи со претставување на своите приоритети во средината на јануари на седница на Постојаниот совет на ОБСЕ.
Ова е втор пат Полска да претседава со ОБСЕ, откако веќе беше на таа позиција во 1998 година.
Покрај Полска, актуелен претседавач и последниот претседавач Шведска, во тројката на ОБСЕ ќе биде и Република Северна Македонија како иден претседавач со ОБСЕ.
Република Северна Македонија согласно одлуката донесена на Самитот во Тирана во декември 2020 година, ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска ќе им дозволи на пилотите на…
Полска ќе им дозволи на своите пилоти…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…