Полска набавува јужнокорејски борбении авиони за три милијарди долари

t

Полската влада денеска потпиша договор со Јужна Кореја за набавка на 48 борбени авиони „ФА-50″ во вредност од три милијарди долари. Се работи за лесни борбени авиони, познати и како КАИ Т-50 „Златен орел“, кои покрај јужнокорејската, ги поседуваат и армиите на Ирак, Филипините и Индонезија.

На церемонијата на потпишување на договорот, која се одржа на воениот аеродром во градот Јанов, присуствуваа претседателот на Полска Анджеј Дуда, во својство на врховен командант на оружените сили и високиот претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана Ум Дон Жуан.

Документите ги потпиша и на јужнокорејската страна ѝ ги предаде Мариуш Блашчак, вицепремиер и министер за одбрана на Полска.

„До неодамна бевме партнери. Сега можеме да кажеме дека сме сојузници”, рече тој.

Според еден од договорите, првите 12 авиони во вредност од околу 700 милиони долари треба да бидат испорачани кон средината на идната година. Вториот договор, вреден околу 2,3 милијарди долари, е за преостанатите 36 авиони, чија испорака е предвидена за периодот од 2025 – 2028 година.

Минатиот месец Варшава потпиша и договори за набавка на јужнокорејски тенкови и хаубици за потребите на полската армија во вредност од 5,8 милијарди американски долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ќе им дозволи на пилотите на…

Полска ќе им дозволи на своите пилоти…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…

Дрон со млазен погон паднал или бил…

Украина и Полска: Руската закана веќе е…

Украина и Полска предупредија на зголемена руска…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…