Објавено на:

Полска се наоружува: Купува речиси 400 тенкови и хаубици

t

Полска се согласи да купи речиси 400 тенкови и хаубици од Јужна Кореја, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, јави ДПА.

Договорот, за кој јужнокорејските медиуми велат дека вреди неколку милијарди долари, е потпишан во јули и предвидува испорака на 180 тенкови К2 до 2025 година, заедно со пакети за обука и логистика и муниција.

„Тенковите треба да бидат распоредени во воената база Моронг во северна Полска, а првите 10 тенкови се очекува да бидат испорачани оваа година“, рече Блашчак.

Полска купува и 212 самоодни хаубици К9 од Јужна Кореја, од кои 24 треба да бидат испорачани оваа година. Хаубиците треба да го заменат оружјето што Полска и го донира на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…

Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…

Бројот на загинати во вооружениот напад што…

(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков:…

Најмалку две лица загинаа, а десет други…