Полскиот министер за внатрешни: Ги разбираме емоциите на напаѓачите на рускиот амбасадор – Ние не му препорачавме да положува цвеќе

Полска: Ги разбираме емоциите на напаѓачите на рускиот амбасадор
Полскиот министер за внатрешни работи и администрација Мариуш Камински и вицепремиерот, полскиот министер за контрола на државен имот Јацек Сасин се обидоа да го оправдаат денешниот напад врз рускиот амбасадор Сергеј Андреев во Варшава.
„Собирањето противници на руската агресија врз Украина, каде што секојдневно се случува геноцид, беше легално. Разбирливи се емоциите на Украинките кои учествуваат на настанот и чии сопрузи храбро се борат за заштита на татковината“, напиша Камински на својот Твитер профил.
Како што вели, „полските власти не му препорачале на рускиот амбасадор да положи цвеќе на 9 мај во Варшава“.
Полицијата му овозможи на амбасадорот безбедно да го напушти местото на настанот, додаде Камински.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска „сериозно разговара“ со Франција за да…
Полска ќе бара пристап до нуклеарно оружје…
Полскиот претседател денеска во Вашингтон на средба…
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска во Вашингтон…
Туск: Принудена капитулација на Украина ќе значи…
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека присилната…
Полската гранична служба откри кокаин на дното…
Припадниците на полската гранична служба откриле повеќе…
Полска ги подигна борбената авијација и безбедносните…
Оперативната команда на вооружените сили на Полска…