Објавено на:

Полскиот премиер бара Норвешка да го дели профитот од нафтата со останатите европски земји

t

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, говорејќи на младински собир во Варшава, порача дека поради војната во Украина, Норвешка остварува огромни профити од извозот на нафта и гас и поради тоа би морала да ги сподели добивките со другите земји од Европа.

Моравјецки истакна дека Норвешка индиректно се богати поради се што се случува во Украина и ги повика младите да им пишуваат за тоа на своите пријатели во Норвешка.

Добивката од продажбата на нафта и гас значително ќе ги надмине годишните просеци, а во земја со нешто повеќе од пет милиони жители годинава ќе надмине 100 милијарди евра. Мора веднаш да ја поделат таа огромна добивка, бидејќи не е ниту нормално, ниту фер да не биде така – изјави Моравјецки, пренесува Тасс.

Таквата изјава многу брзо предизвика бројни коментари во земјата. Владејачката партија застана во одбрана на премиерот, велејќи дека и Норвешка разговарала за тоа со дел од тие пари да и помогне на Украина.

Опозициските партии, пак, ја критикуваа изјавата на Моравјецки, велејќи дека таа може да има негативно влијание врз норвешко-полските односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ќе им дозволи на пилотите на…

Полска ќе им дозволи на своите пилоти…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…

Дрон со млазен погон паднал или бил…

Украина и Полска: Руската закана веќе е…

Украина и Полска предупредија на зголемена руска…

Норвешката принцеза Астрид почина на 94-годишна возраст

Норвешката принцеза Астрид, постарата сестра на покојниот…