Објавено на:

Полскиот претседател бара укинување на “Северен тек 2”

t

Полскиот претседател Анджеј Дуда за време на посетата на Киев повика на укинување на балтичкиот гасовод „Северен тек 2“, кој ги поврзува Русија и Германија.

„Не може да има враќање во нормала во односите со Москва“, рече Дуда денеска на самитот на Кримската платформа.

Според него, „потребна е нова политика која ќе го отстрани Северен тек 2“, јави полската новинска агенција ПАП.

Полска и другите источни членки на ЕУ долго го критикуваа руско-германскиот проект, посочувајќи дека тој му дава дополнително влијание на Кремљ во Европа во време кога енергетската безбедност на ЕУ е доведена во прашање.

Во февруари германската Влада одби да го пушти во промет гасоводот поради руската инвазија на Украина.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…

Дрон со млазен погон паднал или бил…

Украина и Полска: Руската закана веќе е…

Украина и Полска предупредија на зголемена руска…

Кадиров повторно се заканува со освојување на…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Автобус од Полска излета од пат во…

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…