Попушти пред барањата на студентите: Србија оди на вонредни избори следната година, најави Вучиќ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека е прифатено главното барање на блокадерите и дека следната година ќе бидат распишани вонредни парламентарни избори, пренесе „Еуроњуз Србија“.
„Го прифативме нивното главно барање, наскоро, следната година, ќе одиме на избори. Само нема да бидат толку среќни кога ќе ги пребројат гласовите. Одиме да ги победиме во секое место во Србија“, рече Вучиќ обраќајќи им се на собраните граѓани пред Домот на Народното собрание.
Тој истакна дека „секогаш силата, љубовта и верата се посилни од нивната омраза“, како и дека верува оти „наредната година ќе биде една од најдобрите, ако не и најдобрата во историјата на Србија“, кога ќе бидат изградени најмногу патишта и железници. Вучиќ изјави дека е горд што за време на протестите на блокадерите немало ниту една жртва, наведувајќи како пример дека на протестите на „жолтите елеци“ и уличните демонстрации во Франција имало десетици загинати. „Колку што ќе имам енергија, колку што ќе имам сила, ќе ми биде чест да бидам заедно со вас во борбата против сите кои сакаат да ја уништат нашата земја“, рече Вучиќ, прецизирајќи дека тоа „мора да биде политичка борба“. Тој потсети дека во Србија една година се одржувале, како што наведе, насилни судири на блокадерите, при што биле уриваани простории на Српската напредна странка и биле претепани поединци. „Ќе продолжиме да работиме и ќе продолжиме да градиме. Ни зборуваа – плашете се од нас, а ние ниту еден момент не се плашевме од нив, знаевме за кого станува збор. Се плашевме да не одговориме со целата сила, го чувувавме нивниот образ, ја чувувавме Србија. На крајот, на никого од нив ама баш ништо не му се случи. Потешко беа повредени само оние кои ја чуваа Србија, и од нож и од пиштол“, изјави Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…