Поранешната градоначалничка на Арачиново стана нова директорка на „АД Аеродроми“
Миликије Халими, поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, е назначена за генерален директор на акционерското друштво во државна сопственост Аеродроми на РСМ.
Халими доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски со одлука на Надзорниот одбор на 25 октомври на друштвото кое управува со имотот на двата македонски аеродроми во делот кој не е под концесија на ТАВ Македонија.
Пред една година Халими се вработи во Царинската управа како инспектор за истраги за борба против економски криминал. Тогаш медиумите реагираа дека таа го нема потребниот степен на образование за да конкурира за такво работно место.
До Надзорниот одбор на „АД Аеродроми“ пристигнала препорака без образложување дека Ангеловски треба да се разраши и да се назначи Халими.
Дејан Ковачев, сопругот на поранешната пратеничка Тања Ковачев, од овој месец е назначен за нов член на Управниот одбор на државното претпријатие АД Аеродроми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…