Поранешниот шеф на ЦИА: САД ја изгуби моќта да ја контролира Русија
САД се ослабени од конфликтот во Украина и ја изгубија моќта да ја контролираат Русија, изјави поранешниот американски државен секретар и поранешен шеф на ЦИА, Мајк Помпео.
Помпео, кој беше државен секретар на САД за време на претседателствувањето на Доналд Трамп, престојуваше во Атина на првиот Американско-медитерански инвестициски форум.
-Америка е ослабена со инвазијата врз Украина – ја изгубивме нашата моќ на одвраќање против Путин и Украинците, поради што на Европејците и на секој до нас ни е многу полошо, рече Помпео.
Според негова проценка, „светот стана многу помалку безбедно место откако Џо Бајден ја презеде функцијата претседател на САД“.
-Тоа се однесува на Американците и на граѓаните на сите наши сојузници. Тринаесет Американци загинаа во Авганистан, што е еден од најголемите неуспеси во заштитата на нашите граѓани во поновата историја, додаде поранешниот државен секретар.
Помпео кажа и дека иранските власти сега се многу побогати и помоќни отколку кога тој ја напушти функцијата.
-Нашите пријатели и партнери на Блискиот Исток, Израел и земјите од Заливот се чувствуваат напуштено. А кинеската Комунистичка партија станува похрабра и се подготвува за војна – економска и воена – на начини кои се без преседан, кажа Помпео.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…