Поскапи горива од полноќ

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 29.10.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,480%, кај дизелот за 1,760%, кај екстра лесното масло за 5,965%  и кај мазутот зголемувањето е за 3,830%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0496%

Од 31.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  73,50 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             75,50 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            70,00 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 36,057 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.10.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио демантира дека ја напушта администрацијата на…

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера категорично…

30 дена притвор за командантот Жмириќ и…

Судија на претходна постапка им одреди притвор…

Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за…

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…

Расте бројот на заболени од грип, Тетово…

Бројот на заболени од грип и заболувања…

Масакр во западна Турција, непознато лице уби…

Турската полиција трага по маж кој денеска…